Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси во пресрет на стартот на групната фаза во Лигата на шампионите, изјави дека неговиот тим има амбиции оваа сезона да го освои трофејот од елитното натпреварување.

-Мораме да ја освоиме Лигата на шампионите. Имаме одличен тим. Време е за такво нешто. Три сезони по ред испаѓаме во четвртфиналето. Сега атмосферата во тимот е одлична. Радува фактот дека играчите се решени да го дадат максимумот. Тимскиот дух е на високо ниво и тоа се чувствува кај сите нас, изјави Меси.

Барселона е во група со Интер, Тотенхем и ПСВ Ајндховен.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 15:26