Државата ќе им помогне на општините во враќање на затекнатите стари долгови, а со ребаланост во октомври ќе бидат алоцирани средства за трајно да се реши проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се решаваат долговите на училиштата.

- Конечното решение на оние затекнати стари долгови е преку начинот на кој што државата ќе им помогне на општините во враќање на долговите. Најголем дел од тие долгови се спрема училиштата, детските градинки и другите образовни институции. Верувам дека со ребаланост во октомври сите овие средства ќе бидат алоцирани за трајно да се реши проблемот, а дотогаш јас како премиер заедно со градоначалниците сме вклучени да ги подмируваме долговите кои се накалемени на самите училишта, рече Заев.

Заев се заблагодари за флексибилноста на службите од министерсвото за образование и наука и на градоначалниците и советите, да се изнајдат начини и да платат дел од долговите за да бидат вклучени училиштата во работа.

Премиерот Заев, денеска заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, присуствуваше на приредба по повод првиот училишен ден во ОУ „Ацо Шопов“, во Радишани.

Министерот Адеми ги оцени како невистинити и тенденциозни, наводите во некои медиуми, дека се склучени тендери во четри очи за набавка на учебници.

- Оваа постапка, како и во изминатите години е во согласност со сите законски прописи. Единствената опција за обезбедување учебници преку откуп е постапката што ние сме ја спровеле, така што постапката оваа година е истата од 2009 година па наваму, рече Адеми.

Ги повика претставниците на медиумите и НВО секторот во просториите на МОН, каде, како што рече, ќе бидат споделени сите документи и ќе бидат информирани за постапката.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 15:44