Пентагон разгледува повлекување на речиси сите американски командаси од Нигер и згаснување на најелитните антитерористички единици ширум Африка, објави „Њујорк тајмс“.

Функционери од Пентагон за весникот изјавија дека воените испостави во Камерун, Кенија, Либија и Тунис, исто така ќе бидат затворени доколку секретарот за одбрана Џејмс Матис ги одобри тие планови. Изворот од Пентагон појаснил дека и покрај тоа, САД и натаму ќе имаат големо воено присуство во Нигерија и Сомалија.

Генерал Томас Валдхаузер, командант на Африканската команда, претходно за „Њујорк тајмс“ изјави дека САД нема да се „свртат и да ги напуштат“ своите мисии за обука на локалните сили во антитерористичките операции.

Критичарите на таквите планови на САД наведуваат дека зтаворањето на воените испостави во Африка може да го намалат влијанието на САД во време кога Кина и Русија бараат начини за д аго зголемат своето влијание.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2018 18:20