Огромниот пожар, кој избувна во Националниот музеј на Бразил во неделата, ја уништи целата збирка бесценети експонати, јавија локални медиуми.

- Се е готово, рече експертот Марко Аурелио Калдас, еден од ретките лица, кои влегоа во изгорена зграда.

Метеорити, кои се отпорни на високи температури, се единствените меѓу 20-те милиони експонати, што го преживеаа пожарот.

Според проценките на заменик-директорот на Националниот музеј Кристиана Сережо само 10 проценти од експонатите преживеале.

Националниот музеј на Бразил е сместен во зградата од 1892 година.

- Двесте години работа, истражување и познавање се изгубени, тажен ден за сите Бразилци, напиша претседателот Мишел Темер на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 10:05