Италијанскиот фудбалер Клаудио Маркизио потпиша двегодишен договор со Зенит од Санкт Петербург.

Маркизио неодамна ја прекина соработката со матичниот клуб Јувентус и го напушта Торино по 25 години, по што одлучи да прифати понуда на рускиот клуб.

32-годишниот фудбалер го избра Зенит пред бројни понуди кои доаѓаа од клубови како Пари Сен Жермен, Монако, Ница и Монтреал.

Со исклучок на една сезона одиграна како позајмен во Емполи, Маркизио целата своја кариера ја помина во Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 11:45