Фудбалерите на Реал Мадрид одбраната на трофејот на Светското клупско фудбалско првенство ќе ја почнат од полуфиналето.

Противник на европскиот првак во дуелот за финалето на СП ќе биде поуспешниот од мечот меѓу мексиканската Гвадалахара и азискиот шампиони.

Турнирот, исто како и минатата година, ќе се игра во Обединетите Арапски Емирати и ќе биде отворен со натпреварот меѓу домаќинот Ал Аин и Вилнгтон од Нов Зеланд.

Победникот од овој меч ќе се сретне со африканскиот шампион, а потоа во полуфиналето со првакот на Јужна Америка.

Светското клупско првенство во ОАЕ ќе се игра од 12 до 22 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 11:46