Пратеник на владејачката Слободарска партија на Австрија (ФПО), Рајнхард Беш, предложи да се „запоседне“ територијата на Африка, со цел спречување на нелегалната миграција во Европа.

Беш во интервју за „Ноје Форарлбергер Тагесцајтунг“ рече дека војската треба да ја окупира територијата на северниот дел на Африка каде што ќе бидат формирани центри за бегалци.

Според Беш кој од 1999 година е пратеник на ФПО, најважното во борбата против нелегалната миграција е заштита на надворешната граница на ЕУ.

- Доколку тоа не успее, легитимно е да се формираат центри во Либија или во другите северноафрикански земји, рече тој.

Таа идеја на Беш беше критикувана од претставникот на Зелените во Европскиот Парламент, Мишел Рејмон кој го обвини ФПО дека „ сонува за влегување на воено влегување на северниот дел на Африка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 11:48