Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска - Бежоска до Собранието достави предлог за именување на двајца нови вицегувенери.

До Собранието се предлага за вицегувернери да бидат именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска.

Двете гувернерски места во Советот на НБРМ се испразнија откако Ангеловска-Бежоска беше избрана за гувернер на НБРМ, а второто со истекот на мандатот на друг вицегувернер.

Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во НБРМ, додека Ана Митреска е директорка во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 12:52