Косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли нема да учествува на утрешниот состанок на шефови на дипломатии на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Бањалука.

Како што пренесува РТК, Пацоли го откажа учеството поради, како што тврди, „закани од претседателот на Република Српска“ Милорад Додик, кој во едо интервју рекол дека Пацоли и неговата делегација не се добредојдени во Бањалука.

Додик претходно изјави дека Пацоли не е добредојден во Бањалука, каде го поканил министерот за надворешни работи во Советот на министри на БиХ Игор Црнадак, за да, како што рече, „им се додворува на западните центри на моќ“. Додик рече дека тоа го доживува како провокација.

- Република Српска не дала согласност БиХ да го признае самопрогласеното Косово, па ни министер на таа лажна држава не може да биде добредојден во Република Српска, рекол Додик.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 12:56