Француската министерка за спорт Лаура Флесел поднесе оставка од лични причини.
Поранешната олимписка шампионка, и еден од најпопуларните министри на францускиот претседател Емануел Макрон, најави оставка пред очекуваната реконструкција на кабинетот.
-Ќе продолжам да бидам верен тимски играч на претседателот и премиерот, на чија одлучност се восхитувам и чии вредности и патриотизам го почитувам, наведе Флесел во соопштението.