Шпанија ја откажа продажбата на 400 ласерски наведувани проектили на Саудиска Арабија, стравувајќи дека тоа оружје може да го користи коалицијата предводена од Ријад против бунтовниците во Јемен.

Договорот првично беше потпишан во 2015 година, за време на поранешната конзервативна влада во Мадрид, но новата влада од левиот центар соопшти дека ќе ги врати 9,2 милиони евра, кои Саудиска Арабија веќе ги платила.

Портпаролката на Министерството за одбрана ги потврди наводите, но одби да говори за деталите.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 14:20