Германската полиција денеска соопшти дека неколку писма со бел прав биле испратени до Амбасадата на САД и до Амбасадата на Израел во Берлин.
Истрагата утврди дека белиот прав не е штетен односно дека во писмата било ставено прашок за перење.
Портпаролот на полицијата Мартин Халвег изјави дека писмата до амбасадите биле испратени на 22 август, како и оти Американската амбасада примила писмо со сомнителен прав и на 30 август.
- Осомниченото лице е познато на властите. Тој испрати слични писма до двете амбасади и во јули годинава, посочи Халвег.