Новото лево ориентирано движењето „Ауфштеен" (Исправи се) беше официјално претставено денеска во Германија.

Лидерката на движењето Сара Вагенкнехт и двајца претставници на „Зелените" и на социјалдемократите изјавија пред новинарите во Берлин дека обезбедиле поддршка од повеќе од 100.000 луѓе на интернет.

- Ја гледаме кризата на демократијата во Германија, а „Исправи се" цели да стигне до луѓето кои „веќе не се чувствуваат претставени" од поголемите политички партии.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2018 17:20