Во Охрид од денеска до петок ќе се одржува меѓународна конференција насловена „Мигрантската и бегалската криза во глобалниот свет:одговорности и одговори“.
На конференцијата најавено е учество на околу 100 претставници од Македонија, Шведска, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Италија, Романија, Австрија, Турција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Бугарија.
Конференцијата ја организира Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филофовскиот факултет во Скопје во партнерство со Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Саравео, Факултетот за безбедност од Белград и Велеучилиштето од Велика Горица.
На отворањето, закажано за денеска, најавено е обраќање на Аргентина Шабадос, регионален директор на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) задолжена за Југоисточна Европа, Источна Европа и Централна Азија.