Белата куќа предупреди дека САД и нивните сојузници ќе одговорат „брзо и примерно“ ако сирискиот претседател Башар ал-Асад употреби хемиско оружје.

Во соопштение Белата куќа нагласува дека внимателно ја следи ситуацијата во сирискиот регион Идлиб што е под контрола на бунтовниците. Таму според нив може да се очекува силите на сириската влада да извршат офанзива што може да предизвика хуманитарна катастрофа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 10:18