Македонската фудбалска репрезентација утре против Гибралтар ги почнува натпреварите од Лига на Нации. Дефанзивецот Стефан Ристовски во новото натпреварување гледа убава шанса која мора да се искористи.
- Лигата на Нации е нова шанса за сите нас. Се подготвуваме долго време, веќе неколку години сме заедно во репрезентацијата и одлично се познаваме. Денешниот фудбал не дозволува опуштање, фаворити сме против Гибралтар, но мораме тоа да го потврдиме на натпреварот. Не бегаме од фаворитската улога и ќе го покажеме тоа на теренот. Голем дел од нашите репрезентативци играат во одлични клубови, стандардни се во своите екипи и се надевам дека тоа ќе го пренесеме и низ натпреварите во Лига на Нации, изјави Ристовски за веб страната на ФФМ.
По гостувањето во Гибралтар, македонските репрезентативци се враќаат во Скопје каде на 9 септември ја пречекуваат Ерменија.