Специјалниот обвинител Роберт Малер е подготвен да ги прифати писмените одговори од претседателот Доналд Трамп во истрагата за можна координација меѓу неговата изборна кампања и обидите на Кремљ да интервенира на претседателските избори во 2016 година. Анонимен извор информира дека Малер испратил писмо до адвокатскиот тим на Трамп минатиот петок. Според изворот, тимот се уште не одговорил.

Писмото е најновиот чекор во тековните преговори меѓу Малер и адвокатите на претседателот за можноста шефот на државата да сведочи.

Досега не е јасно што значат тие услови за другите прашања, на чие расветлување работи Малер, вклучувајќи го и тоа дали претседателот ја попречува правдата, во обид да се поткопа истрагата за руската интервенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 13:17