Јужнокорејска делегација денеска во Пјонгјанг се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и му врачи лично писмо од јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.

Кабинетот на Мун соопшти дека претставниците ќе присуствуваат и на прием, по што денеска подоцна ќе се вратат во Јужна Кореја.

Јужнокорејска делегација составена од високи функционери предводена од специјален пратеник на претседателот Мун Џе-ин денеска престојува во Северна Кореја каде разговара за организирање трета средба на врвот меѓу двете Кореи која би се одржала подоцна овој месец и за да помогне за спасување на дипломатијата меѓу САД и Северна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 16:03