Британските власти именуваа двајца Руси за кои е подигнато обвинение поради труењето со нервен агенс на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солзбери.
- Издаден е налог за апсење. Осомничени се Александар Петров и Руслан Боширов. Тие се на околу 40 години и патувале со руски пасоши под лажен идентитет, нагласи началникот на полицијата за борба против тероризмот.
Двајцата Руси се соочуваат со обвиненија за криминален заговор со цел убиство на Скрипал и употреба на хемиско оружје.
Според Обвинителството, тие имаат доволно докази за покренување истрага против Петров и Боширов.
Скрипал и неговата ќерка беа отруени во март оваа година. Тој инцидент предизвика дипломатска војна меѓу Британија и Русија бидејќи официјален Лондон ја обвини Моксва за нападот.
Русија негира вмешаност во инциднетот.