Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја работи на „сите подрачја, од блиску и од далеку“ против Иран.

Тој на владина седница истакна дека Израел одлучно работи за да се спротистави на прецизното оружје што може да биде употребено против него, но и како да го спречи Иран да воспостави воено присуство во соседна Сирија.

Изјавата на Нетанјаху уследи откако вчера израелски воен претставник изјави дека Израел во претходните 18 месеци погодил над 200 ирански цели во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 18:25