Најмалку 20 луѓе загинаа, а 70 се повредени во двоен самоубиствен бомбашки напад врз спортски клуб во шиитски кварт во главниот град на Авганистан, Кабул.

На местото на инцидентот откако пристигнале брза помош, полицајци и новинари уследила уште една експлозија.

Помеѓу загинатите двајца беа новинари.

Се уште никоj не презеде одговорност за нападот врз боречкиот клуб.

За претходните напади врз шиити во Авганистан одговорноста ја преземаше авганистанскиот огранок на сунитската група Исламска држава. Во април бомбаш-самоубиец активира експлозив врз новинари во Кабул, при што загинаа деветмина.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2018 19:22