Македонско-руската стопанска комора денеска организира трибина и еднодневна обука за македонски менаџери на тема „Особености на рускиот пазар и стратегија за успех (потенцијал, можности, реализација)“.
Претставниците на компаниите и сите присутни ќе имаат можност да ги слушнат искуствата и советите на сопственици и врвни менаџери на големи дитрибутерски куќи од Руската Федерација, експерти за надворешно - трговско работење од тој пазар, како и од раководниот тим на „Македонски дом“ од Москва за пласманот на македонската стока во Руската Федерација.
На обуката ќе бидат изнесени и најновите тенденции, законски промени и можностите за зголемување на извозот на овој пазар (интернет продажба, снабдување на институции, влез на големопродажни пазари...)