Инфлацијата во Венецуела го надминала прагот од 200 отсто во август при што цените се зголемени за период од една година за 200 илјади отсто, се вели во извештај на венецуелскиот Парламент што е под контрола на опозицијата.

– Експлозија на инфлацијата во август, 223,1 отсто за еден месец и 200.005 отсто за една година, во периодот август 2017 – август 2018 година, објави на Твитер опозицискиот пратеник Хосе Гера кој е член на Комисија за финансии и поранешен заменик директор на Централната банка.

Според Парламентот, цените се зголемиле за 34.680 отстои од 1 јануари. ММФ прогнозира хиперинфлација во Венецуела од милион отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 10:17