Американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон следната недела доаѓа во Македонија, а ќе ги посети и Грција, Србија и Косово.

Џонсон во Скопје, Атина, Белград и Приштина ќе има средби со високи владини претставници, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од Американската амбасада во Србија.

Сенаторот Џонсон е еден од високо рангираните соработници на американскиот претседател Доналд Трамп задолжен за специјални мисии. Џонсон е претседавач на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна соработка.

Републиканскиот сенатор од Висконсин, последен пат престојуваше во регионот во февруари, кога ги посети Белград и Приштина.

Џонсон во своите јавни настапи се залага за поголем ангажман на Вашингтон на Балканот и за интеграција на земјите од регонот во ЕУ и НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 10:33