Суд во Германија пресуди дека Франкфурт мора да ја забрани употребата на дизел возилата кои се големи загадувачи со цел подобрување на квалитетот на воздухот во градот.

Управниот суд во Висбаден донесе одлука врз основа на иницијатива на една група за заштита на животната средина која го иницира процесот тврдејќи дека Франкфурт не ги исполнува стандардите на ЕУ кога станува збор за нивоата на азотните оксиди.

Засега не е познато колку возила ќе бидат погодени од судската одлука.

Во Германија, Хамбург веќе забрани постари модели на дизел возила на одредени патишта, додека властите на Штутгарт исто така планираат следната година да ги забранат во некои делови од градот.

Овие забрани се базираат на судската пресуда од февруари која на градовите им овозможи во мерките за заштита на воздухот да ја вклучат и забраната за употреба на дизел возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 10:43