Фудбалерот на Реал, Марсело соопшти дека ќе остане во мадридскиот клуб до крајот на кариерата.

Претходно повеќе светски медиуми шпекулираа дека 30-годишниот Бразилец може да се пресели во Јувентус каде замина Кристијано Роналдо.

- Слушнав многу глупави работи, наводно ќе сум одел кај Роналдо во Јувентус. Сакам да потенцирам дека ќе останам во Реал до крајот на кариерата, изјави Марсело за италијанските медиуми.

Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. Со тимот од „Сантијаго Бернабеу“ има четири освоени титули во Шпанија и исто толку во Лигата на шампионите.

Во тековната сезона, Бразилецот одигра четири натпревари за Реал Мадрид.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 10:48