Цените на угостителските услуги во август во споредба со јули годинава не забележале промена, додека во однос на јули лани има зголемување за 2,8 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,9 отсто, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 1,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 11:21