Британскиот синџир супермаркети „Теско“ во продавниците во центарот на градовите почна бананите да ги продава по парче, а не по килажа и на тој начин ја зголеми нивната цена повеќе од двојно.
Цената на една банана се зголеми од 10-15 пени до 25 пени.
Од „Теско“ овој потег го оправдуваат со високите цени за изнајмување простории во центарот на градовите.
- Нашите маркети се наоѓаат на првокласни централни локации каде киријата е повисока во однос на продавниците кои се надвор од градот, изјави портпаролот на компанијата.
„Теско“ има речиси 3.500 продавници во Велика Британија, од кои 2.700 се минимаркети.