Пријателски натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Јапонија и Чиле е одложен поради силниот земјотрес што го погоди островот Хокаидо.

По земјотресот од 6,7 степени по Рихтер, Фудбалската федерација на Јапонија (ЈФА) одлучи да го одложи мечот во Сапоро, место во Хокаидо земајќи ја предвид големината на штетите, недостатокот на електрична енергија, како и безбедноста на гледачите.

Нашите мисли и молитви се со жртвите во Хокаидо, изјави претседателот на ЈФА Ташима Конзо.

Досега, од земјотресот животот го загубија четири лица, додека уште 32 лица се водат за исчезнати.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 14:39