Бразилецот во Атлетико Мадрид, Давид Луис, изјави дека Лионел Меси е без конкуренција најдобар фудбалер на светот.
Изјавата на Луис доаѓа по номинацијата на ФИФА на тројцата претенденти за „Златната топка“. По 11 години Меси нема да биде меѓу тројцата кандидати за фудбалер на годината.
- За таа наградата треба да конкурираат најдобрите на светот. За мене тоа е Меси. И сега и годините наназад тој е на врвот. Во тој момент кога Меси нема да ја освои наградата за најдобар играч, таа го куби кредибилитетот, изјави Луис.
Оваа година за најдобар планетарен играч Светската фудбалска асоцијација во најтесен круг ги смести Лука Модриќ, Мохамед Салах и Кристијано Роналдо.
Изминатата деценија наградите ги освојуваа Роналдо и Меси.