Парламентот на Камбоџа денеска го реизбра на премиерската функција Хун Сен, со што и по 33 години на власт, ќе продолжи да управува со земјата.
- Денеска е историски ден за Камбоџа, рече радосно Хун Сен пред пратениците од неговата Камбоџиска народна партија, кои беа инаугурирани вчера.
Тој оцени дека парламентарните избори биле „фер и транспарентни", за инает на критиките од странство заради затворањето под сомнение „шпионажа" на лидерот на опозицијата и за распуштањето на неговата партија.
Хун Сен ја осуди опозицијата дека со месеци се обидувала организира „шарена револуција" во Камбоџа со поддршка на САД.