Шеги на религиозни теми на интернет отсега можат да значат и пет години затвор во Саудиска Арабија, соопшти Јавното обвинителството на кралството, што беше објавено и на Твитер.

- Објави и распространување на содржини со цел исмејување или поткопување на јавниот ред, религиозните вредности и моралните норми, ќе се смета за киберкриминал, се наведува во соопштението.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната, ќе се соочаат со пет години лишување од слобода, како и со парична казна од три милиони ријали (oкoлу 300.000 евра).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 16:10