На проширена седница со дебата на Локалниот економски совет денеска во Општина Велес, а со претставници од бизнис заедницата во соработка со Регионалната Стопанска комора на Македонија, учествуваа Сања Лукаревска директор на УЈП и Ѓоко Танасоски директор на Царинската Управа на Р.М.
Директорката Лукаревска, претставници на бизнис заедницата ги запозна со даночните поттикнувања, намалувања и олеснувањата од страна на УЈП за персонален данок, данок на добивка, данок на додадена вредност. Воедно говореше и за даночните поволности за инвестирање во ТИРЗ, користење на мерки за даночно поттикнување во спортот.
Ѓоко Танасоски директор на Царинската Управа на Р.М информираше за соработката на Царинската управа со деловната заедница и статус на Овластениот економски оператор.
Во изјавата за медиумите Сања Лукаревска потенцира дека во нивни интерес е економски силна држава која ќе донесе подобра иднина на сите нас.
- Македонија припаѓа на Европската Унија. Сакаме повисок животен стандард, сакаме граѓаните да остваруваат поголеми приходи, поголеми инвестиции коишто ќе донесат и нови работни места. Мораме да градиме партнерски однос и заеднички да придонесеме кон понатамошен развој на бизнис климата. Да се бориме против корупцијата и сивата економија и да отпочнеме да ги живееме европските вредности не само декларативно, туку и вистински, порача Лукаревска.
Таа потенцира дека Македонија и сите ние го заслужуваме членството во ЕУ и НАТО, затоа што таму припаѓаме.
- Се соочуваме со сериозни предизвици и интензивно работиме на заживување на европските вредности во нашата секојдневна работа.Заедно со нашиот партнер ЕУ работиме на даночните реформи кој е главен донор на капиталните проекти кои веќе се’ и ќе се реализираат во наредните четири години.Со најавената поддршка од 6 милиони евра од ЕУ преку ИПА 2 програмите и дополнителни 6 милиони евра од буџетот на Р.Македонија треба да се реализираат нашите приоритети за воспоставување на електронска даночна администрација,автоматизација на работните процесии развој на дигиталните даночни услуги.Во фокусот на нашите реформи е граѓанинот,бизнисот,даночниот обврзник пред се’.Создавање на услови за фер натпревар на пазарот и фер оданочување,данок ниту повеќе,ниту помалку ,потенцира Лукаревска.