Американското министерството за правда започна уште една истрага во една од најголемите банки на САД, „Велс Фарго“, објави „Волстрит журнал“.

Годинава во мај се дозна дека вработени во одделот за правни лица на банката самостојно додавале информации за голем број на клиенти, покрај постоечките, и притоа клиентите не знаеле за тоа. За незаконските дејства на вработените банката дозна после извршената внатрешна ревизија.

Оваа пракса траела година и пол и вработените со тоа сакале да ги задоволат барањата на регулаторите во однос на борбата со перење на пари.

Како што наведува весникот, Министерството за правда сега сака да појасни дали имало случаи на махинација од страна на вработените кои додавале информации за клиентите и дали менаџментот ги терал вработените да прават незаконски дејства.

„Велс Фарго“ и Минстерството одбија да коментираат за ова.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 19:49