Играчот од средниот ред на Барселона Серхио Бускетс ќе го продолжи договорот со клубот во блиска иднина, објави „Мундо Депортиво“.

Раководството на Каталонците преговараше со 30-годишниот Шпанец за новиот договор во текот на летните месеци.

Според условите на договорот, клаузулата за откуп на халфот се зголемува од 200 на 500 милиони евра. Неговата годишна плата исто така ќе се зголеми.

Бускетс игра за Барселона од 2008 година и освои седум трофеи во Шпанија и три пати во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2018 20:25