Техничкиот директор на Милан, Бразилецот Леонардо, не верува дека тимот Дуделанж од Луксембург ќе биде лесен противник.
Како што е познато, „росонерите“ се паднаа во група со тимот, заедно со Бетис (Шпанија) и Олимпијакос (Грција) во групната фаза на Лигата на Европа.
- Имаме многу фанови во Лускембург. Го знаеме начинот на игра на Дуделанж и не сметаме дека тоа ќе биде лесен натпревар, особено во европски клубски турни. Не треба да ги потценуваме ни Бетис и Олимпијакос. Нашата група е многу тешка, рече Леонардо.
Милан гостува на Дуделанж во првиот натпревар од групната фаза, а средбата е на 20 септември од 21:00 часот.