Британскиот луксузен моден бренд „Барбери“ денеска соопшти дека нема повеќе да ја пали непродадената стока, ниту да користи природно крзно во своите колекции.

Компанијата истакнува дека сака да стане општествено и еколошки одговорна, откако призна дека минатата година запали стока вредна 28,6 милиони фунти.

- Современиот луксуз значи да се биде социјално и еколошки одговорен. Тоа е клучно за нашиот долгорочен успех, изјави извршниот директор Марко Гобети.

Оваа британска модна куќа минатата година уништи непродадена облека, модни додатоци и парфеми во вредност од 28,6 милиони фунти, за да го заштити својот бренд. Вкупната вредност на уништените производи на „Барбери“ во изминатите пет години изнесува околу 90 милиони фунти.

Уништувањето на производите компанијата го оправда со појаснување дека се штити од кражба или продажба по пониска вредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 00:34