Албанскиот град Елбасан од вчера е “блиндиран“ од безбедносни причини, поради фудбалскиот натпревар Албанија - Израел, во рамки на Лигата на нациите.

Поради проценката дека станува збор за натпревар од висок ризик, како што соопшти албанската полиција, превземни се сите потребни мерки во соработка со меѓународни претставници и безбедносните структури на земјата, како и нивните израелски колеги.

- Со цел целосна безбедност ангажирани се над илјада припадници на албанската полиција, од сите сектори. Тие ќе се грижат за безбедноста надвор од стадионот и контролата на навивачите при влегувањето во стадионот. Освен нив, на готовност, при евентуално потреба ќе бидат и припадниците на специјалните единици „Ренеа“ и „Делта“ единицата за брзи интервенции. Зајакнати се и контролите на граничните премини поради влез на странски навивачи, соопшти полицијата.

Полициските служби ги контролираат и социјалните мрежи заради идентификација на поединци и групи, кои може да повикуваат есктремизам и слично. Поширокиот простор околу стадионот „Елбасан арена“ е надлетуван и од полициски хеликоптери.

Веќе десетина дена во Елбасан се и израелски агенти, а со селекцијата има и дополнително обезбедување.

Натпреварот почнува во 20.:45 часот. Стадионот има 12.474 седишта и 15 влезови



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 01:23