Министерот за одбрана на САД Џејмс Матис денеска пристигна во ненајавена посета на Авганистан.

Во делегацијата предводена од Матис е и претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд.

Тие двајца ќе се сретнат со новиот командат на армијата на САД и НАТО во земјата генерал-полковник Остин Скот Милер и со претседателот на Авганистан Ашраф Гани. Се очекува да се разговара за напредокот во мировните преговори со талибанците.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 10:05