Новиот турнир на УЕФА - Лигата на нациите вчера стартуваше со неколку интересни натпревари. Најважна за нас е победата на Македонија на гости против Гибралтар со 2:0 во групата 4 од Лигата „Д“, а следниот меч против Ерменија во недела се очекува да биде најважниот за нашиот евентуален пласман во следната фаза. Турнирот продолжува денеска со нови натпревари, а најинтересниот се чини е меѓу Италија и Полска во Болоња. За репрезентацијата на „азурите“ ќе дебитира новиот тренер Роберто Манчини, а по пропуштањето на СП 2018 година се очекува поранешниот тренер на Интер и Сити да ја врати репрезентацијата на голем турнир. Лига на нации, 1 коло: Лига „А“ Група 3 Италија - Полска Лига „Б“ Група 2 Турција - Русија Лига „Ц“ Група 1 Албанија - Израел Група 4 Литванија - Србија Романија - Црна Гора Лига „Д“ Група 3 Азербејџан - Косово Фарски Острови - Малта.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 10:50