Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пристигна денеска во ненајавена посета на Кабул за време на која ќе има сосстанок со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и новиот командант на американските и НАТО сили во таа држава.

САД во моментот имаат 14.000 војници распоредени во Авганистан и претставуваат наголем дел во составот на НАТО мисијата за поддршка и обука на авганистанските безбедносни сили.

Тоа е втора посета на Матис во изминатите неколку месеци и е во клучен момент на судирите што траат 17 години.

Авганистанските и американски сили не напредуваат во борбата против талибанците и дипломатските актери двојно ги засилуваат напорите за водење мировни преговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 12:08