Руски стратешки авиони Тупољев- 95 прелетале над Артичкиот Океан, Беринговото и Охотското Море, а во некои фази ги следеле американски борбени авиони Ф-22, потврди денеска руското Министерство за одбрана.
Портпаролот на американската Северна команда и североамериканската воздушна одбрана (НОРАД) претходно соопшти дека американските Ф-22 во саботата пресретнале два руски Ту-95.
Руското министерство наведе дека летовите на Ту-95 биле рутински над неутралните води на Артикот, Црното Море, Атлантикот и Пацификот и во согласност со меѓународното право.