Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека од Интер сакале да го земат Лука Модриќ без пари. - Никогаш порано не сум видел тим да сака да го купи нашиот број 10 без да ни плати. Ова ми се случува првпат во животот, прокоментира Перез во интервју за радио „Кадена Копе“. Перез обвини дека раководството на Интер е во преговори со Лука Модриќ, без дозвола на европскиот клупски шампион. ФИФА на крајот одлучи да не го казни Интер.