Канадската војска денеска објави насоки за користење марихуана меѓу припадниците на Оружените сили на земјата.

Упатството е издадено пред легализацијата на марихуаната во Канада, која стапува во сила на 17 октомври.

Со ова упатство, меѓу другото, на припадниците на оружените сили им е забрането да конзумираат марихуана осум часа пред стапувањето на должност, 24 часа пред која било воена операција и 28 дена пред скокање со падобран од голема височина.

Исто така, ќе биде забрането користење марихуана за време на меѓународни операции.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2018 20:02