Американскиот државен секретар Мајк Помпео во името на Владата на САД им го честита ја граѓаните на Македонија Денот на независноста - 8 Септември.

- Ви честитаме за историскиот Договор од Преспа, кој откако ќе биде имплементиран ќе доведе до голема безбедност и просперитет за граѓаните на Македонија и за целиот регион. Вашата посветеност на демократските принципи, владеењето на правото, одговорноста на Владата, напорите за спречување на корупцијата се за пофалба. САД силно ја поддржуваат Македонија на нејзиниот пат да стане дел од евроатланското семејство, нагласи Помпео во својата честитка по повод 27-годишнината од независноста.

- Ви посакуваме се најдобро додека го прославувате овој специјален ден и со нетрпение го очекиваме идното продлабочено пријателство и соработка, додаде американскиот државен секретар.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 00:01