Пред Високиот суд во Брауншвајг, во понеделник почнува процес против автомобилскиот концерн Фолксваген, во кој акционерите бараат отштета заради пад на вредноста на акциите.
Акционерите на Фолксваген укажуваат на тоа дека тие предолго чекале со изнесување на вистината за скандалот со манипулација со издувните гасови на дизел мотори, поради што акционерите да изгубија милијарди.
Акционерите на таа компанија бараат вкупно исплата на девет милијарди евра. Во случајот на оштетени акционери, се појавува и инвестицискиот фонд Дека.
По избувнувањето на скандалот во септември 2015 година, акциите на оваа група изгубија половина од нивната вредност. Процесот треба да покаже дали врвот на Фолксваген бил свесен за манипулацијата и пред крајот на септември 2015 година кога беше обелоденет скандалот.