Руски и сириски воени авиони бомбардираа денеска градови во покраината Идлиб. Тоа се случува само еден ден по самитот што пропадна во Техеран меѓу претседателите на Турција, Иран и на Русија кои не успеаја да ги надминат меѓусебните несогласувања и да се договорат за прекин на огнот.

Според западни медиуми, нападнати се од воздух повеќе села и градови во јужниот дел од Идлиб како и градот Латамхен на север од Хама што е се уште под контрола на бунтовниците.

Сириски хеликоптери фрлаа експлозив врз куќи во предградие на Кан Шеикун.

Таа провинција е последното големо упориште во Сирија со три милиони жители и десетици илјади борци најголем дел џихадисти. Иран, Русија и Турција не успеаја вчера да надминат свои несогласувања, договарајќи се само да продолжат со соработката за решение за избегнување цивилни жртви во тоа подрачје на северозапад во Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/09/2018 16:17