Канадската армија издаде наредба за користењето на марихуана меѓу припадниците на оружените сили на оваа земја.

Насоките за употреба се издадени пред најавената легализација на марихуаната во Канада, која стапува во сила на 17 октомври.

Според ова упатство на припадниците на оружените сили им се забранува да конзумираат марихуана осум часа пред да стапат на должност, 24 часа пред да заминат во воена операција и 28 часа пред скокање со падобран од голема висина.

На канадските војници ќе им биде забрането употреба на марихуана во текот на меѓународните операции.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 14:10