Преполн авион на компанијата „Бејби ер“ се урна во езеро во Јужен Судан, при што загинаа 21 лице, а тројца ја преживеаја несреќата, меѓу кои и едно шест годишно дете.

Портпаролот на градските власти во Јирол, Табан Абел Агуек изјави дека во авионот, кој летал кон главниот град Џуба, имало место за 19 луѓе, а истражните органи ја утврдуваат причината за уривањето на леталото.

Покрај детето, несреќата ја преживеале и еден возрасен маж и италијански лекар вработен во хуманитарна организација, кој е опериран и се наоѓа во критична состојба.

- Насекаде има тела на загинати, истакна Агуек.

Градот Јирол се наоѓа во централниот дел на оваа источноафриканска држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 14:40