Американскиот претседател Доналд Трамп запре помош во вредност од 25 милиони долари за лекување на Палестинци во болници во Источен Ерусалим, соопшти претставник на Стејт департментот.

Претходно оваа година Трамп побара да се преразгледа помошта, која САД им ја испраќаат на Палестинците, со цел да гарантира дека средствата се трошат согласно националните приоритети на САД. Како резултат на тој процес, средствата за болниците во Источен Ерусалим ќе бидат пренаменети за приоритетни проекти на друго место.

Палестинското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за намалување на помошта е дел од обидите на САД „да ја уништат палестинската кауза“ и да ги загрози животите на илјадници Палестинци.

- Таа опасна и неправедна ескалација од американска страна ги премина сите црвени линии и се смета за директна агресија врз палестинскиот народ, се наведува во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2018 15:11